писателот на Еурологос

Писател на тастатура - визуелната реклама на Еурологос

Дури и ако пишувањето е технолошки современо, тоа секогаш ќе остане уметност.
Вечната класичност на египетското писмо и современоста на електронската тастатура, којашто не би можела да биде технички понапредна, се соединија во скулптурата изработена од белгиската скулпторка со цел да се резимираат сите повеќејазични дејности на Еурологос.
Додека тастатурата (која ги заменува пенкалото и папирусот) ги симболизира современите компјутерски вештини (од преведувачки мемории до верзии на интернетот и локализација на софтверот), улогата на преведувачот и јазичарот ја задржува својата непроменета волшебност и традиционалност.
Ништо не би можело да биде покарактеристично за претставување на дејностите и деловното работење на канцелариите на Еурологос.
Футуристичкиот карактер на најсовремените средства за јазично творење комбинирани со вечниот и незаменлив професионализам на писателот, кој е секогаш уметник. Писменото творење, дури и ако е повеќејазично, секогаш ќе остане уметност, макар и целосно компјутеризирано. Секогаш вистинска уметност.