септември 2011 год

Отворање на канцеларијата на Еурологос во Лондон

Групацијата Еурологос продолжува да се шири и во Велика Британија.

Агенцијата Еурологос-Лондон ќе ги отвори своите врати овој септември 2011 год. Идната најголема европска агенција на групацијата започнува со работа во англискиот главен град, најголемиот пазар на стариот континент. Личност за контакт и адреса:

Зелиа Переира:
Zélia Pereira
Извршен директор за нови бизниси
Тел: +44 (0) 207 953 05 44
info@eurologos-london.co.uk

Целта е, нормално, да се натпреварува за водство со сегашната главна канцеларија во Брисел низ годините што следат. Управителите на новата агенција веќе целат кон тоа да станат главна (централна) канцеларија на дваесетината агенции кои се активни во моментот на четири континенти.
Исто така, англискиот јазик е најкористениот јазик во повеќејазичната комуникација на нашата планета. Првиот странски јазик кој се користи за рекламирање и индустриска документација во секоја земја на светот е секогаш англискиот…
Може да се каже дека до сега тој е првиот јазик за поврзување на меѓународно рамниште.
Нашата агенција во Лондон, согласно основните стандарди на секоја канцеларија на Еурологос, е исто така горда што мже да се наарече „глокална“ - со местоположба во Лондон, но со глобална и стратешка замисла карактеристична за нашата групација. Калифорнијците се сетиле на тоа кога го создале неологизмот „глокализација“ во 90-тите години со скратување на зборовите глобализација и локализација.
Навистина, единствениот начин да се гарантира квалитет на замислата и преводите се состои во да постојат исто толку активни канцеларии колку што биле ветени јазици на клиентите од цел свет.
По шангај, Брно и Лондон, Еурологос ќе продолжи да отвора други агенции ширум светот.