СЀ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ

Зошто Еурологос има толку ниски цени!

Пониски цени директно од хонорарни соработници!

Секоја канцеларија на Еурологос може да им обезбеди на клиентите имиња на многумина хонорарни преведувачи кои наплаќаат цени, кои се многу попривлечни од цените на „наевтината“ конкуренција. Покрај тоа, истите можат да се најдат на пример директно преку интернет или именик. Овие хонорарни преведувачи често работат за агенциите т.н. „поштенски сандачиња“ по исклучително пониски цени. Но тие понекогаш прифаќаат да работат директно од друштвата – имаат право да се натпреваруваат со агенциите, особено земајќи предвид дека нивната работа се доставува до клиентот без претходна јазича проверка, без терминолошко одобрување и без стилистичка проверка (како и без проверка на стилот според географското подрачје). Називот „поштенско сандаче“ е сосема соодветен за оние агенции, коишто не му придаваат вредност на текстот добиен од преведувачот и го доставуваат на тој начин што едноставно му додаваат фино „здебелен“ трошковник. Доколку некој сака да заштеди на преведувачките трошоци по секоја цена, може да ги употреби тие преведувачи, но под услов самиот да се справи со управувањето на проектот, јазичната проверка и терминолошкото одобрување.

Повеќедржавните јазични услуги и Еурологос

Групацијата Еурологос се состои од канцеларии насекаде низ светот (секоја за својот сопствен јазик и стил приспособен на географското подрачје), кои се електронски поврзани преку интранет 24 часа во денот, 7 дена во неделата. На пример, имаме неколку добро „глокализирани“ канцеларии за шпански: Еурологос – Мадрид (за иберормански кастилјански јазик), Еурологос – Сан Хозе и Еурологос – Буенос Аирес (за стилот на шпанското говорно подрачје на Латинска Америка). Јазичната работа не може да се премести – само преведувачи, проверувачи, терминолози, графички дизајнери и останати локализатори кои престојуваат на истото место и работат во тимови во истото друштво (во овој случај Еурологос) можат да создадат текст без никакви недостатоци, чијшто стил е приспособен според географското подрачје. Токму поради ова „поштенските сандачиња“ ја измислуваат (трговски) бесмислената негација и (преведувачки мудриот) делумно игнорантен аспект на творење на „кој било јазик“ – тие во најдобар случај можат да творат на јазиците на државата каде што се наоѓаат. Оттаму, најдобро е за интересите на друштвото-клиент да бара услуга од вистинска повеќедржавна агенција за јазични услуги или пак директно од хонорарни работници (за да се провери и одобри), но не од агенција од видот „поштенско сандаче“. Клиентите мораат секогаш да бидат сигурни дека преведувачката агенција не делува само како едноставен (бескорисен и паразитски) посредник помеѓу (хонорарниот) преведувач и конечното друштво.

Изберете го Еурологос и неговите цени

Без разлика на потребната комбинација на јазици за поводот, останатите целни јазици (барем педесет) можат да се обезбедат во други услови – економската глобализација има потреба од тоа. Со цел да се одделат од деловниот примитивизам на исклучиво локалните преведувачки агенции, повеќедржавните друштва кои нудат услуги на полето на јазикот и подготовка пред печатење истапија напред – секоја канцеларија го обезбедува својот јазик на интранетот по пониска или еднаква цена како која било друга агенција од типот „поштенско сандаче“, монолокализирана во една држава или на еден јазик. На овој начин само може да се зголемат јазичната брзина и доверливоста, како и работниот потенцијал. Истото важи и за изгледот и локализацијата. Цените кај овие повеќедржавни агенции се само малку повисоки од оние на хонорарните работници. Но услугите не се исти (во количина и квалитет). Понатаму, бидејќи секој превод се приспособува на услугите на начинот „еден-на-еден“ (секој текст, секоја комбинација на повратни дописи, секој специфичен технолект, секој текст за преведување, секој краен рок итн.), цената не може да се пресмета само количински, како што лесно може да се претпостави. По доставувањето барање, клиентите на Еурологос добиваат специфична понуда, којашто е точна и непроменлива...
Проценето е дека преведувачкиот производ не е доволно спознаен, така што не треба да се колебате да го употребите телефонот или пак да закажете состанок за да ги поставите сите прашања или за да се информирате за останатите повеќедржавни друштва кои се вистински конкуренти на Еурологос (и постојат на пазарот). Навистина препорачуваме да ја проучите нашата веб-страна (www.eurologos.com), да ги разгледате нашите случаи со клиенти прикажани во нашиот електронски магазин (повеќе од 5.000 низ целиот свет) и да ги прочитате сличните преводи.